Поранешниот градоначалник на Игуала, град во јужно Мексико, Хозе Луис Абарка (62) е осуден на 92 години затвор поради киднапирање на шест лица во 2013 година.
Абарка беше прогласен за виновен за киднапирање на шест водачи на заедницата во мај 2013 година во неговата општина. Меѓу нив бил и Артуро Хернандез Кардона, лидерот на селската организација, кој бил пронајден мртов неколку месеци подоцна.
Против поранешниот градоначалник на Игуала се води и случајот со исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот учителски колеџ во септември 2014 година.
Студентите од Ајоцинапа пристигнале во Игуала, од каде требало да го продолжат своето патување со автобус до Мексико Сити и да учествуваат во протести. Меѓутоа, тие биле нападнати од вооружени напаѓачи.
Според официјалната истрага, младите луѓе биле уапсени од локалната полиција поврзана со бандата Герерос Унидос, а потоа застрелани и запалени во депонија од неразјаснети причини. Само тројца од студентите се идентификувани.
Абарка беше уапсен во ноември 2014 година под сомнение дека тој го наредил киднапирањето на студентите и оттогаш е во затвор.
Во август 2022 година, мексиканскиот суд издаде 83 налози за апсење, а на крајот на март, девет полицајци беа уапсени за наводна одговорност