Поранешниот европски шампион и една од легендите на бивша Југославија објави малку позната снимка со Тоше Проески, сите во кафеаната станаа да му аплаудираат (ВИДЕО)

Богдан Боша Тањевиќ беше еден од најголемите кошаркарски тренери во поранешна СФРЈ. Под негова команда сараевска Босна 1979 година во Гренобл стана прв шампион на Европа од поранешна СФРЈ. Подоцна беше тренер и селектор кој освои многу медали на светски и европски првенства. Беше европски првак со Италија 1999 година, а има освоени две сребрени медали со Турција ( на Светското Првенство во Турција 2010 година ) и со поранешна СФРЈ ( на Европското првенство во Чешка 1981 година). Како тренер на екипите Босна од Сараево, Будуќност од Подгорица, Олимпија од Милано, Асвел и Фенербахче бил шампион во пет држави: старата Југославија, СР Југославија, Италија, Франција и Турција.

Од 2017 година е во пензија, но е многу активен на социјалната мрежа Х или поранешен Твитер каде секој ден има свои коментари на спортски, политички и општествени настани. Пред неколку дена на социјалната мрежа Х тој објави едно видео со Тоше Проески, а голем дел од македонската публика немале прилика да го видат тој настап на легендарниот македонски пејач. На тоа видео, кое како што може да се види е снимено во некоја бугарска кафеана, нашиот Тоше пее една позната италијанска песна, а луѓето кои седат со него на кафанската маса се воодушевени и со овации го проследуваат неговиот настап во живо.

Тањевиќ ова видео го споделува со коментар: Каков АС, душа мала, драга…ни недостига…( а колку на неговите најмили!!!)…Големиот Тоше…

Инаку, вчера во емисијата Во Центар за сообраќајната несреќа во која Тоше го изгуби својот живот зборуваше и поранешниот агент на француската тајна служба ДСТ, Југослав Петрушиќ кои изнесе низа претпоставки и информации со кои фрла некоја поинаква светлина на целиот случај. Целото интервју можето да го погледате на следното видео: