Поранешниот на Северина стана татко по петти пат: Милан Поповиќ доби наследник, а еве какво необично име му даде
Неговата сопруга Бојана се породила во приватна клиника
Бизнисменот Милан Поповиќ денеска стана татко по петти пат!
Неговата сопруга Бојана се породи во приватна клиника и на свет донесе здраво момче.
Инаку, ова е петто дете и четврти син на Поповиќ.
– Српскиот крал на бакарот и неговата 28 години помлада сопруга Бојана, по синовите и ќерките, добија уште едно момче на кое му го дадоа името Теодор Александар – открива добро упатен извор за Републиката , а понатаму наведува:
– Пораѓањето помина добро. Бојана и бебето се добро, а момчето ги доби сите најдобри оценки.
Да потсетиме, Поповиќ со пејачката Северина Вучковиќ го има и синот Александар.