Секое раѓање е приказна за себе, но ова е многу посебно
Сепак, едно бебе стана популарно за неколку секунди по раѓањето, и тоа со добра причина. Имено, момчето по име Декстер станало вирална сензација од моментот кога се родил, бидејќи – се родил и покрај интраутерина контрацептивна направа.
Контрацептивата била скриена зад плацентата на мајката, а мама Луси Хејден објаснила дека бременоста целосно ја изненадила. Фотографијата воодушеви многумина бидејќи всушност изгледа како бебето победнички да го држи средството за контрацепција.
Само еден процент од жените остануваат бремени и покрај овој “лек”, а Луси беше една од нив.