Поскапеа патарините до море: Еве колку ќе ве чини патувањето ако одите со автомобил, третина повеќе од лани
Цените на патарините на автопатот Игнација во северна Грција од понеделникот се зголемени за 30 до 35 отсто, јави агенцијата МИА.
Тој автопат води од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток, а патарината веднаш до границата со Македонија на влезот во Грција се зголемува од 1,80 на 2,40 евра, во Аспровалта од 0,90 на 1,20 евра. во Кавала од 1,40 до 1,85 евра.
Се додава дека единственото намалување на патарината во Солун е на пат кон Атина (од 1,20 на 0,90 евра) и на пат кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90 евра).