Последно на што се сеќава е погледот кон убиеното девојче! Наставничката од „Рибникар“ сè уште е во тешка состојба: „Не знае ни дали девојчето барала помош…“ (видео)
Наставничката по историја (52) која беше тешко ранета во крвавото дивеење на момчето психопат (14) кога уби девет ученици и работник од обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар се опоравува на Клиниката за рехабилитација.
Наставничката била погодена со три куршуми и неколку пати била оперирана во Клиничкиот центар на Србија и нејзината здравствена состојба се стабилизирала, но страшните последици останале. Во инвалидска количка, таа сè уште не може да оди, не ја чувствува левата рака, и психички е многу лошо.
Во еден момент со неа разговарале инспекторите кои го истражуваат ова грозоморно злосторство и таа рекла дека не се сеќава што се случило, а тоа го потврдиле и некои од родителите на учениците од училиштето.
– Несреќната жена не се сеќава на самиот настан, и не знае во кој момент била застрелана. Последното нешто што го памети е изгледот на ученичка (убиена во масакрот) секогаш насмеано и пријателски настроено девојче.
Наставничката не знае ни дали девојчето барало помош кога било застрелано – изјавила за медиумите мајката на еден од преживеаните ученици од „училницата на смртта“.
Инаку тешко повредената учителка чие закрепнување ќе биде многу долго и напорно уште ќе престојува во болница а сите се надеваат дека целосно ќе закрепне, а дотогаш, како што знаеме, учениците и родителите често ја посетуваат во болница и многумина се заинтересирани за нејзината состојба .