Сите се прашуваат дали е навистина таа!? Еве како изгледаше Сенидах пред сите операции, сите се во неверување (ФОТО)

Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенида, моментално е една од најпопуларните пејачки на Балканот, а за нејзината убавина се пишува откако се појави на естрадата.

Сепак, ретко кој знае како изгледала пред пластичните операции, а сега на Инстаграм се појави фотографија која шокираше многумина.

Имено, Сенидах до тој степен се трансформирала што кога фотографијата пред естетските зафати и неодамнешната слика ќе се постават една до друга, изгледа како да станува збор за две различни жени..

Иако многумина беа убедени дека пејачката направила нешто на себе, повеќето мислеа дека тоа се минимални корекции, бидејќи на нејзиното лице изгледа како сè да е направено со мерка, но всушност станува збор за трансформација која ретко се гледа.