После Пике, Шакира има бурен љубовен живот! Дали е ова нејзиното ново момче!? (фото)

Откако се обидоа дискретно да излезат од истата афтер забава во раните утрински часови во Западен Холивуд, Шакира и Дрејк ги подгреаа гласините за нивна романса.

Според извори на Дејли Мејл, 46-годишната пејачка и десет години помладиот рапер ја напуштиле забавата во раните часови. Иако не ја напуштија забавата заедно, Шакира изгледаше прилично среќно додека заминуваше, а краткиот јаз меѓу нивните заминувања ги подгреа гласините за нова врска.

Од нејзината бурна разделба со Жерар Пике, со кој има два сина, името на Шакира постојано се поврзува со познати мажи.

Така почнаа порано приказните за наводната врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, но и дека познатиот актер Том Круз „фрлил око“ на неа.

И додека славната Колумбијка одвреме навреме ја поврзуваат со нов маж, нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике е сè посериозен за Клара Чиа Марти, со која неодамна почна да живее заедно, во куќата во која живееше Шакира пред да се пресели во Шпанија.