После Тања се огласи и Мухамед: Објави фотографија и порача само едно (фото)

Тања Савиќ ја потврди врската со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ, кој сега објави на Инстаграм и сподели нивни заеднички слики.

Згодниот пилот објави нивна заедничка слика на која позираат заедно и напиша: – Вакви моменти – и додаде љубовен емотикон.

Инаку, нивната врска започна пред неколку месеци и не беше баш како што треба, дури и раскинаа.

Мухамед е родум од Бјелина, а живеел и во Германија, Белгија и Соединетите Американски Држави.

Пејачката набргу откако на сите им ја откри врската со Бешиќ, на социјалните мрежи објави специјална порака.

– Дали некогаш сте помислиле: „Леле, се молев за ова, а сега тоа и ми се случува“ – стои во приказната на Тања на Инстаграм.