Легна да спие и не се разбуди: Семејството во шок поради мистериозната смрт на поранешен олимписки учесник (42)

Тажна вест го потресе спортскиот свет… Ненадејно почина поранешната олимписка учесничка Хелен Смит (42).

Нејзиното семејство сè уште е во шок и никој не може да поверува што се случило. Таа отиде да спие и никогаш повеќе не се разбуди. Таа зад себе остави две деца и нејзиниот сопруг Крег.

Смит заедно со семејството отишла да го прослави роденденот на нејзиниот брат Роб, а таму биле и нејзините родители и роднините.

– Роденденот на Роб го прославивме како семејство, бевме сите заедно, а потоа таа си легна. Шокирани сме. Не била болна и немала здравствени проблеми. Ова е кошмар и чекаме да се разбудиме, продолжуваме да го репродуцираме филмот во нашите глави, не можеме да веруваме – изјави Никол Хил, сопругатата на Роб.

Хелен беше позната британска пливачка, учествуваше на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, таму не освои медал, но имаше на многу други натпревари. По спортската кариера станала учителка.

– Беше голем мотиватор, секогаш се трудеше да го искористи секој момент, прва стануваше наутро. Таа работна етика ја изгради кога се занимаваше со пливање, беше вистински поддржувач на своите деца – изјавила Никол.

Нејзиниот татко Џон остави потресна порака на социјалните мрежи.

– Хелен е наша гордост и радост, секогаш беше насмеана. Не ми се верува како можеше само да легне и да не се разбуди – напиша Џон на Фејсбук, заедно со заедничка фотографија.