Постигнат е договор, изборите во Македонија ќе се одржат на 8 мај

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека политичките партии постигнале договор изборите да се одржат на 8 мај, поточно првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Ковачевски истакна дека на лидерската средба имало широк консензус за забелешките во изборното законодавство, поточно во Изборниот законик според препораките на ОБСЕ. Тој кажа и дека СДСМ синоќа донела одлука за формирање на Европскиот фронт и одлука за именување на кандидатот за шеф на државата.

Ковчевски истакна дека по 17 години Македонија ќе организира редовни парламентарни избори.