Постигнат е договор меѓу жителите на Слупчане и ЕВН

ЕВН и жителите на Слупчане постигнаа договор. Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане, соопштија од ЕВН.

„Со жителите на Слупчане беше постигнат договор и беа дадени гаранции од локалната власт и од сите политички партии. Следната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на општина Липково ќе се одржи средба во општина Липково на која ќе се договорат сите детали за организацијата и реализацијата на проектот и ќе се работи на терен. почнуваат на 9 август годинава“, се вели во соопштението на ЕВН.

Во моментов екипи се на терен и работат на санирање на дефектите.

ЕВН и жителите имаат своевиден предлог-договор, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во врска со случувањата во оваа населба каде жителите не дозволуваат пристап до екипите на ЕВН.