Украина тврди дека повторно го освоила селото Старомаиорске

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде „добри вести“ од првата линија на војната.

Тој штотуку објави видео на Телеграма на украински војници кои велат дека го вратиле селото Старомаиорске од руските сили.

Старомаиорске се наоѓа во крајниот западен дел на регионот Доњецк, пренесува skynews.

Се слуша како војниците велат: „Бригадата 35 и доброволниот баталјон „Ареи“ го ослободија селото Старомаиорске. Слава на Украина! Слава на хероите!“

Пред неколку часа Генералштабот на вооружените сили на Украина извести дека Русите извршиле воздушен напад.

Нејзиниот портпарол, исто така, изјави дека руските сили трпат загуби и ги повлекуваат своите трупи од различни региони.