Снопче: Во Коњаре се случува еколошка катастрофа

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче од Собранието, предупреди на ерозија на почвата во Коњаре.

„Добив мејлови од граѓаните на Коњаре, велат дека повторно еродира во Коњаре. Заедно со заменик министерот за земјоделство ќе одиме во понеделник и ќе ги посетиме. Почнувам да се плашам дека овде се игра пинг-понг. Секој ја префрла одговорноста од еден на друг.

Барам да се преземат мерки бидејќи жителите се во тешка состојба, затоа што се случува еколошка катастрофа и оваа земја да остане без граѓани, бидејќи секој што ќе има можност да се исели, ќе се исели од оваа земја“, рече Снопче.