Како што стојат работите, Алекс Телес од Манчестер Јунајтед ќе му се приклучи на Кристијано Роналдо во редовите на Ал Наср.
Роналдо и Телес беа соиграчи на „Олд Трафорд“, а сега ќе ја делат соблекувалната и во Саудиска Арабија. Според информациите на британските медиуми сите детали од трансферот се договорени.
Телес последната сезона ја помина во Севиља, но ниту во овој клуб не беше стандарден, во Јунајтед дојде на барање на Оле Гунар Солскјер.
Во Јунајтед, Телес ќе добива плата од седум милиони евра годишно во наредните три сезони, додека Јунајтед добива оштета од четири милиони фунти. Досега Ал Наср во овој преоден рок ги доведе Марсело Брозовиќ од Интер и Сако Фофана од Ленс.