ПОСТОТ ЛЕЧИ- Покрај духовните придобивки, постот носи и бројни физички придобивки за човечкото тело

Во многу цивилизации и религии (христијанство, ислам, будизaм, јудаизaм, хиндуизaм и многу африкански религии), постот е познат како едно од „средствата“ за прочистување – физичко, ментално и духовно.

Меѓутоа, постот носи и бројни придобивки за човечкото тело и физичкото здравје.

Проток на крв

Кога постите, помалку крв оди од вашето срце во дигестивниот систем, што значи дека крвта рамномерно циркулира до другите делови од телото. Крвните садови се прочистуваат побрзо, што доведува до намалување на нивото на холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања за 58%.

Варење

Бидејќи желудникот и цревата се помалку активни во текот на месецот, тие се чистат и средуваат, што овозможува поефикасно варење.

Бубрези

Кога постите, бубрезите го зголемуваат процесот на елиминирање на бескорисните материјали (сол и вода), што го намалува крвниот притисок.

Мозок

Постот ја зголемува активноста на мозокот, бидејќи го стимулира производството на факторот ДНФ. Овој протеин ги активира мозочните клетки и ги претвора во нови неврони. Ги штити и матичните клетки поврзани со Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

Имунолошки систем

Постот го подобрува имунолошкиот систем бидејќи ги намалува радикалните оштетувања и ги изгладнува клетките на ракот.

Метаболизам

Постот го забрзува и му дава повеќе енергија на метаболизмот бидејќи нашиот дигестивен систем мирува. Ова овозможува побрзо согорување на калориите. Го забавува стареењето и може да ви го продолжи животот.