Потпаролот на Владимир Путин тврди: “Објавените документи покажуваат вмешаност на САД во војната во Украина!“

Кремљ соопшти дека наводно протечените документи покажуваат вмешаност на Вашингтон во војната против Украина, по медиумскиот извештај кој се однесува на наводно протекување доверливи документи.

Немаме ни најмал сомнеж за директното или индиректното учество на САД и НАТО во конфликтот меѓу Русија и Украина“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за американската телевизија CNN.

Тој ова го изјави во однос на извештајот во New York Times за документите наводно за плановите на САД и НАТО да и помогнат на украинската војска пред планираната офанзива против руските воени сили.

Сепак, не е јасно дали документите наведени во извештајот се вистинити, при што Киев ги отфрли како лажни.

Потпаролот на Владимир Путин порача дека учеството на САД и НАТО во конфликтот расте.

Го следиме процесот. Да, и се разбира дека тоа комплицира сè, но не може да има никакво влијание врз конечниот исход на специјалната операција“, вели тој, користејќи ја терминологијата на Кремљ за руската инвазија.

Ваквите документи ќе го поддржат тврдењето на Москва дека САД намерно поттикнуваат раздор меѓу Москва и Киев со цел да ескалира конфликтот и со тоа да ја ослабне Русија и да ја дестабилизира Европа, пишува германската медиумска агенција dpa.

Но, Киев претходно соопшти дека документите се руска дезинформација, создадена од разузнавачките служби на Кремљ за да се наруши очекуваната украинска контраофанзива.