Потрошила илјадници долари за да ја нашминка Мерлин Монро! Кралицата на пластичните операции ја сврте плочата, еве како сака да изгледа сега

Девојката која сакаше да личи на Мерлин Монро сега се враќа на својот природен изглед.

„Зависничката од пластична хирургија “ Серена Смит (24) плати над 39.500 фунти за да се трансформира во Мерлин Монро  – но сега ги отфрла процедурите за „природен изглед“.

Оваа девојка решила да го промени својот изглед кога имала 18 години, почнувајќи од градите, кои ја чинеле 7.500 долари (5.969 фунти) за да премине од шолја А до шолја Д.

После тоа, Серена тргна по патот на екстремните процедури кои би го промениле нејзиниот изглед, за да изгледа поблиску до врвната холивудска русокоса бомба.

Серена, која многумина ја сметаат за кралица на пластичната хирургија, продолжи да троши илјадници и илјадници фунти за операции на носот и бразилско подигнување на задникот , како и ботокс и филери на челото, усните, брадата и образите.

Севкупно, Серена потрошила над 50.000 долари (39.500 фунти). Сепак, таа сега е подготвена за драстична промена, откако почна да се чувствува како да се претвора во „вонземјанин“.

– Се трудам малку да ја прифатам природната убавина. Не велам дека завршив со процедури или нешто друго, но сакам да го прифатам мојот природен изглед. Го сакав начинот на кој изгледам, но со текот на времето сфатив дека тоа не ми одговара. Можеби тоа доаѓа со стареењето, ќе научите малку повеќе да ја прифаќате вашата убавина – изјави Серена за TheSun .