ПОЧИНА АКТЕР НА 58 ГОДИНИ: Сите го сакале во Хонг Конг, глумеше со Џеки Чен

Австралискиот актер Грегори Чарлс Риверс почина минатиот петок на 58-годишна возраст. Ѕвездата роден во Квинсленд се пресели во Хонг Конг кон крајот на осумдесеттите, каде имаше завидна кариера играјќи во преку 40 продукции.

Меѓу филмовите во кои играше се издвојува акциониот трилер „Man on the Edge“ од 2022 година каде глумеше со легендарниот хонгконшки актер Сајмон Јам. Познатиот актер глумеше заедно со Џеки Чен во комедијата од 2021 година All U Need Is Love.

Пред да се насочи кон актерството, тој имал друга професионална љубов, па во светот на актерството влегол со диплома по медицина на Универзитетот во Нов Јужен Велс, пишува Дејли Мејл.