Почина легендата на Наполи: Освои европско првенство а беше најзаслужен за трансферот на Марадона

Поранешниот италијански фудбалер и играч на Наполи, Антонио Хулиано почина на 80-годишна возраст, објавија денеска италијанските медиуми.

Хулиано играше за Наполи од 1962 до 1978 година, постигнувајќи 26 гола во 394 натпревари за италијанскиот клуб.

За репрезентацијата на Италија одигра 18 натпревари, а со репрезентацијата го освои Европското првенство во 1968 година и сребрен медал на Светското првенство во 1970 година.

По неговата играчка кариера, Хулиано работеше како спортски директор на Наполи и е еден од најзаслужните за доаѓањето на Диего Марадона од Барселона.