Почина родилката што се фрли од прозорец на Клиниката за гинекологија

Синоќа почина 39-годишната родилка Б.М. која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во меѓувреме немаше други информации освен дека пациентката е во многу критична состојба, а претходно покажала вознемиреност и одбивање да го дои бебето и дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

На барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити, минатата недела формирана е комисија за стручен надзор составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ со задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот  од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.