Почна “ловот“ по Мбапе: Ал Хилал е во “игра“, ПСЖ бара 100 милиони евра!

Без разлика на се, кој е во право, сепак Килијан Мбапе засекогаш ќе биде запаметен како фудбалер, како човек, на кого ништо не му е доволно.

Јасно е дека е фантастичен фудбалер, но и дека не знае да испочитува. Досега така се однесуваше во ПСЖ, а веројатно дека така ќе се однесува во Реал Мадрид или некој друг клуб.

ПСЖ веќе го стави на трансфер листа, бара 100 милиони евра, и веднаш почна “ловот“ по веројатно најдобриот фудбалер во светот.

Први се јавија, ништо чудно, клубовите од Саудиска Арабија, поточно Ал Хилал кој не прашува за пари. Сепак ова е тешко остварливо, се знае каде Килијан Мбапе ќе ја продолжи кариерата, патот го води кон “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Или ќе има изненадување…ништо чудно, ако се знае дека на дечкото малку му е и цел Париз да му го дадат.

Инаку ставањето на трансфер листата на Мбапе е еден од најдобрите потези на Насер Ал-Келаифи, ако не и најдобар, откако е на чело на ПСЖ.