Почна Ноќен турнир во мал фудбал Ратае, изградена трибина за следење на натпреварите

 Со свеченост беше означен почетокот на Ноќен турнир во мал фудбал во тетовско Ратае на кој учествуваат 27 екипи. Годинава за посетителите има можност натпреварите да ги следат од новоизградената трибина. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиноски.

-Како градоначалник во рамки на можностите ќе ги помагаме сите настани и активности кои ќе се организираат во нашата општина. Да има ферплеј и да победи најдобриот, порача Костадиноски.

 Во натпреварувачкиот дел турнирот го почнаа Жеграп-Бобе Б, а во вториот Бран Бој и Роло Мики-Вардарски. Ревијални дуели одиграа ветераните на екипите Жеграп Ратае и Борец Жилче, како и младинските екипи Јегуновце и Фит Кид. Екипите играат две полувремиња по 15 минути.