Почна со реализација планот за санација на кракот Гарска Река – Тресонче

 – Почна со реализација патниот крак Гарска Река до село Тресонче, едно од најживописните села од областа Мала Река, општина Маврово
и Ростуше.

– На наша голема радост, одлучно започна со реализација дел од планот за санација на патниот крак Гарска Река – Тресонче, кој што беше подолго време планиран и
потврден на трилатералниот состанок кој пред скоро време го одржавме со надлежните авторитети, објавија од месната заедница.

Моментно во тек е првата фаза од планот при што од страна на Националниот парк „Маврово“  и Комуналното претпријатие „Маврово“ се врши кастрење на вегетацијата крај патот и негово проширување со помош на механизација.

– Втората фаза е санација и подѕидување на критично обрушеното речно корито кое опфати и дел од патот. Во третата фаза ќе се изврши санација на асфалтот на сите
точки каде е констатирано уништување и пропаѓање, се наведува во објавата.

Се изразува благодарност за надлежните што покажале подготвеност за решавање на ова прашање.

– Изразуваме огромна благодарност до општина Маврово и Ростуше, НП „Маврово“ и секако нивните раководства за искажаното разбирање, одличната соработка, слух за нашите проблеми и агилност во изнаоѓање на решение, се посочува во објавата.

Селото Тресонче од каде потекнува познатиот Дичо Зограф, како што велат записите е „село  каде изгрејсонцето е најубаво“. Некогашните жители и нивните потомци ги имаат обновено старите и изградено нови куќи, а селото заживува од пролет
до есен, а многу од нив тука доаѓаат редовно за викенди и празници.