По влезот во НАТО, шведскиот премиер: Русија ќе остане сериозна закана

Премиерот на Шведска реагираше по веста дека неговата земја стана најнова членка на НАТО.

Улф Кристерсон рече дека „единството и солидарноста ќе бидат водечки светла на Шведска како членка на НАТО.

„Ќе го споделиме товарот, одговорностите и ризиците со нашите сојузници“, рече шефот на шведската влада, пишува skynews .

Тој предупреди дека „Русија ќе остане сериозна закана за евроатлантската безбедност“.

Шведска, која стана 32-та членка на воената алијанса денеска на церемонија во Вашингтон, го смени својот историски неутрален став како одговор на заканата од руската држава.

Инаку, во понеделник е планирано церемонија на подигнување на знамето во седиштето на алијансата во Брисел на свечено да се одбележи прифаќањето.

Потсетуваме дека соседот на Шведска, Финска, се приклучи на алијансата на 4 април. Со двете нордиски земји во алијансата, НАТО го контролира речиси целото Балтичко Море – стратешки удар за Русија.

Шведска има и добро опремена војска и силна индустрија за оружје. Земјата има за цел да потроши 2,1 отсто од БДП за одбрана оваа година, над целта на НАТО и речиси двојно повеќе од она што потроши до 2020 година.