Бајден зборува по членството на Шведска во НАТО

Шведска денеска стана 32-та членка на најголемата воена алијанса во светот, НАТО. Швеѓаните го сменија својот историски став на неутралност по руската инвазија на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден го пречека шведскиот премиер Улф Кристерсон во Белата куќа.

„Денеска ја имам честа да и посакам добредојде на Шведска како 32. сојузник на НАТО. Пред 75 години, кога беше создаден НАТО, претседателот Труман рече дека Алијансата „ќе создаде бедем против агресијата и стравот од агресија“. Овој штит – и трансатлантската безбедност – се посилни од кога било“, напиша Бајден на платформата X.

Инаку, во понеделник е планирано церемонија на подигнување на знамето во седиштето на алијансата во Брисел на свечено да се одбележи прифаќањето.

Потсетуваме дека соседот на Шведска, Финска, се приклучи на алијансата на 4 април. Со двете нордиски земји во алијансата, НАТО го контролира речиси целото Балтичко Море – стратешки удар за Русија.

Шведска има и добро опремена војска и силна индустрија за оружје. Земјата има за цел да потроши 2,1 отсто од БДП за одбрана оваа година, над целта на НАТО и речиси двојно повеќе од она што потроши до 2020 година.