ПО ПОЛОВИНА ГОДИНА ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ – Со минирање во Горна Бањица, “Бехтел и Енка“ стартува со градежни работи на Коридорот 8

Во село Горна Бањица – Кичево денес ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8.

На настанот е најавено присуство на првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми

На американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ му се одобрени 15 милијарди денари односно 243 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д, средства што се предвидени со буџетот на Мини
Потпишување на договорот со „Бехтел и Енка“ од страна на Владата

Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.

До проектната единица – Јавното претпријатие за државни патишта, веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа – Струга – Ќафасан. Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а до крај на месецов се очекуваат елаборати и за Прилеп – Битола.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра и од 53 милиони евра, согласно со Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со којашто за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра.