Најголемата германска автомобилска компанија Фолксваген преговара за продажба на својата фабрика во руска Калуга, една година откако компанијата го запре производството и извозот во Русија поради руската агресија врз Украина.
- Една од можностите, кога станува збор за иднината на Фолксваген во Русија, е продажба на имотот на Volkswagen Group Rus, а со тоа и фабриката во Калуга, на трета страна, рече портпаролот на Фолксваген.
Тој додаде дека моментално има преговори за продажба, но дека се уште не се финализирани.
Пред тоа рускиот медиум РБК објави дека рускиот трговец со автомобили Авилон најавил купување на фабриката на Фолксваген во Калуга. Според истите извори, наскоро треба да се потпишат и купопродажните договори.
По почетокот на рускиот напад врз Украина, Фолксваген ги затвори двете свои фабрики во Русија во март 2022 година. Во исто време беше стопиран и извозот на возила во Русија.