Објавено стравично видео од моментот на судирот на возовите во Грција: Морничави сцени од смртоносните пламени настанати по несреќата (ВИДЕО)

Најмалку 40 лица загинаа во железничка несреќа во Грција, а на социјалните мрежи се појави видео од судирот на патнички и товарен воз во близина на градот Лариса.

Безбедносната камера го снимила страшниот момент на судирот на меѓуградскиот патнички воз со околу 350 патници, кој од Атина тргнал кон Солун и товарниот воз .

На видеото кое го објави ЕРТ се гледа моментот кога патнички воз директно се судри со комерцијален воз.

Според она што може да се види на видеото, возовите се на иста пруга, се движат со брзина од 166 километри на час и не можат да го избегнат судирот, пренесува “Прототема”.

Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да минуваат еден километар по иста пруга.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.