ПО СКАНДАЛОТ ПОРАДИ ФРИЗУРА СЕ ОГЛАСИ МИС НА ФРАНЦИЈА! “Без разлика дали ме критикувате или не, МОЈАТА КРУНА на главата ми е преубава”
Ев Жил, Мис на Франција за 2024 година, ги коментираше критиките за нејзиниот изглед.
Кога во директен пренос следен од околу 7,5 милиони гледачи, Ева Жил беше прогласена за Мис на Франција 2024, бројните коментари на социјалните мрежи. Никогаш не се случило некоја победничка да има кратка коса, и за нејзина победа одговорни се судиите. Благодарение на гласовите на публиката и жирито, Ев го освои третото место, но судиите придонесоа за нејзината победа и во исто време добија голем број критики и обвинувања за пристрасно гласање.
Оваа 20-годишна девојка сега призна дека многумина ја критикуваа поради нејзината витка фигура. “Јас сум човек, секако дека критиките ме засегаат и ме повредуваат. Моето тело е тоа што е, сакале вие или не. Таква сум јас. Ако на луѓето не им се допаѓа, не им се допаѓам и тоа е тоа. Не можете да им угодите на сите и тоа е нормално. Мора да се прифатите себеси и да ги игнорирате критиките, дури и ако е тешко“, рече Ев на францускиот TF1.
Таа исто така додаде дека се надева дека ќе дојде време кога нејзината фризура нема да биде во центарот на вниманието. “Важно е да се покаже дека многу Французинки имаат кратка коса како мене. Тие треба да ја претставуваат државата на вакви натпревари“, рече Ев. “Сега е убаво кога имам круна на главата. Дали луѓето ме критикуваа или не, убаво е – сега сум тука“, заклучи Ев.
Да потсетиме, Ев веќе истакна колку е горда на својот изглед. „Навикнати сме да гледаме девојки со долга коса, но јас намерно избрав андрогин пристап со кратка фризура. Никој не треба да ни диктира кои сме. Секоја жена е различна и уникатна“, изјави Мис Франс.