По стапките на принцезата Дијана: Кејт Мидлтон применува едно златно правило во воспитувањето деца

Децата на британското кралско семејство постојано се под лупа на јавноста и генерално се однесуваат во согласност со ситуацијата.

Доброто однесување на децата на Кејт и Вилијам е резултат на воспитувањето во кое Кејт ги комбинира триковите што ги научила од нејзината мајка Керол и оние што ги применила покојната принцеза Дијана.

Таа е нежна и внимателна

Златното правило на Кејт Мидлтон е да ги научи децата да бидат љубезни. Кога ќе ги споредите фотографиите на принцезата Дијана со Вилијам и Хари, со фотографиите на Кејт Мидлтон и принцовите Џорџ, Луис и принцезата Шарлот, можете да видите дека и двајцата се нежни со децата. Кејт често ги држи децата за раце, ги тапка по грбот или ги милува по косата. Кога комуницира со децата, во повеќето случаи се спушта за да ги погледне во очи. Тоа често го правеше и принцезата Дијана.

Едно правило го следат сите

Странските медиуми пишуваат дека Кејт Мидлтон далеку од очите на јавноста е обична мама. Таа е опуштена, но јасно им дава до знаење на децата дека има одредени граници. Во куќата на кралската двојка едно е строго забрането – нема викање. Сите мора да се придржуваат до тоа.

Но, за разлика од повеќето родители кои ги казнуваат непослушните деца, кралската двојка има поинаква техника – разговор на каучот. Немирното дете мора да седне со мама или тато, кои му објаснуваат каде згрешило, му кажуваат какви се последиците од таквото однесување, а никој не го крева гласот.