ПРАЗНИЧЕН ШОК ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГЕРМАНСКИ ГИГАНТИ – Донесена е тешка одлука – многу работници остануваат без работа пред Божиќ
Автомобилскиот гигант „Volkswagen“ планира да претстави план за штедење до Божиќ и мора многу работи да промени за да се врати компанијата на вистинскиот пат.
И се чини дека не е само оваа компанија погодена од кризата. Германските медиуми пишуваат дека „Audi“ сега биле принудени да преземат построги мерки и да ја следат тешката одлука за отказ на дел од вработените.
Лоши вести пристигнаа специјално за работниците од фабриката на „Audi“ во Некарсулм во близина на Хајлброн.
„Филијалата на ‘Volkswagen‘ мора да се збогува со неколку стотици вработени во фабриката“, потврдила за медиумската агенција dpa портпаролката на компанијата.
Сепак, таа не сакала да каже точно колку работници ќе останат без работа.
„Сè уште сме во тешки времиња со нестабилна состојба на пазарот. Фактот што сега треба да отпуштиме квалификувани и обучени вработени на одреден временски период е тешка одлука за нас“, изјавила портпаролката.
„Audi” со оглед на сегашните околности нема друг избор. Гаранцијата за вработување се однесува на работниците вработени на неопределено време до 2029 година.
Во моментов на локацијата во Некарсулм работат вкупно 15.505 вработени лица.