Пратеничката од данскиот Парламент Бигум: Сакаме да ви помогнеме на патот кон ЕУ, ја разбираме вашата фрустрација

– Сакаме да ни се придружите. Навистина сакаме да станете членка, да ни се придружите во Европската унија и тука сме да ви помогнеме на секој чекор од патот, и работиме на тоа. Но и дека не сте сами, и дека ве слушаме и ја гледаме фрустрацијата. Навистина ми е жал дека ова е толку долг процес, се согласувам и ја разбирам фрустрацијата, вели во видео интервјуто пратеничката Мариане Бигум од данскиот Фолкетингет, од Зелено левата партија.  

Пратеничката Бигум исто така вели дека во однос на евроинтеграциите тие засега се фокусирани кон исполнување на Копенхашките критериум и оти немаат разговарано за потребата од институционални реформи во ЕУ, или нови недоречености во законите, или други нови нешта.

Во фокусот на нејзиниот интерес и работа е зелената транзиција во ЕУ и во Данска, но и на глобално ниво. Како инженер за животна средина, Бигум работела многу со отпад и ресурси и нагласува дека начинот на кој ги користиме ресурсите на планетата е неодржлив.

Интервјуто со пратеничката Мариане Бигум од данскиот Фолкетингет, од Зелено левата партија целосно ќе биде објавено утре со видео материјал.