Првата фотографија на Марио Хезоња по мистериозната болест и слабеењето: „Сè уште мисли дека е Супер Марио“
Тимот на Реал Мадрид не игра баш најдобро оваа сезона, многу лошо ја отвори сезоната во сите натпреварувања. Тие беа поразени во финалето на Суперкупот од Уникаха, потоа загубија од Коруња во првенството, од Баерн во Евролигата, додека славеа само против Сарагоса. Но, тие доживеаја и пех во вид на загубата на Марио Хезоња.
Хрватскиот кошаркар беше доста „жешка тема“ летово, се споменуваше неговото доаѓање во Партизан, се споменуваше и заминување во НБА лигата, а на крајот остана во Шпанија.
Но, тој имаше и „незгода“, со оглед на тоа што по Суперкупот мистериозно ослабе седум килограми, поради што мораше да остане надвор од салата.
Хезоња нема играно од Суперкупот, пропушти дури три меча, но за викендот играше против Сарагоса и имаше скромен придонес.
Инаку, оваа фотографија на социјалните мрежи ја објави и неговиот соиграч Хавиер Рајтан Мајес на која се гледа јасна разлика во физичката конституција на хрватскиот кошаркар.
– Ослабе осум килограми и се уште мисли дека е „Супер Марио“… Мило ми е што се врати – напиша неговиот соиграч.