Прва снимка од местото на нападот во Египет: Полицаец пукал во Израелци, најмалку тројца мртви (ВИДЕО)

Три лица, меѓу кои двајца израелски државјани, се убиени во Александрија, Египет, кога според неофицијални информации, египетски полицаец отворил оган врз туристи од Израел.

Во моментов кружат спротивставени информации за тоа што точно се случило. Некои медиуми јавуваат дека полицаецот ненадејно отворил оган, додека некои јавуваат дека Израелците претходно му се заканувале со нож.

Во нападот загинал и еден Египќанец, а медиумите јавуваат дека е рането уште едно лице.

Сето тоа се случило во близина на Помпеја колумна во Александрија, а целата населба моментално е блокирана.

На терен се бројни екипи за брза помош.

Да потсетиме, од вчера владее хаос во Израел откако Хамас изврши напад во саботата наутро. Израел вели дека загинале повеќе од 350 луѓе, а илјадници се ранети, а Палестина вели дека најмалку 300 биле убиени во Појасот Газа.

Странски државјани се обидуваат да ја евакуираат земјата.