Првиот бакнеж меѓу Киану Ривс и неговата партнерка! Сите погледи беа вперени во нив – Парот блескаше на црвениот тепих (ФОТО)

По долго време, Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант разменија нежности на црвениот тепих, а фотографијата брзо го обиколи светот.

Познатиот актер Кијану Ривс со години е во врска со својата партнерка Александра Грант, а на почетокот ја криел нивната врска. Кијану во последно време сè почесто излегува со Грант и заедно позираат на црвените килими, а сега дојде моментот да споделат нешто повеќе пред камерите.

Иако досега позираа само еден до друг, Кијану и Александра сега си размениле мал бакнеж кој насобраните фотографи веднаш го снимиле, а фотографијата од тој редок момент веднаш го обиколи светот.

Александра на црвениот тепих пристигна во долг лелеав црвен фустан, додека Кијану беше вистински џентлмен во црн смокинг.

Дуото изгледаше многу среќно и задоволно, а се чини дека решиле да го направат тоа бидејќи нивните обожаватели со месеци сакаат да читаат сè за нивната љубовна приказна.

Врската со уметничката Александра ја потврди на крајот на 2019 година кога заедно се појавија на црвениот тепих на еден холивудски настан. Тогаш американските медиуми пишуваа дека парот бил долго време заедно, а се запознале преку работа и почнале да се дружат, а љубовта се родила од пријателството.

Имено, тие во 2011 година почнаа да соработуваат на фотокнигата „Ода на среќата“ и со неа постигнаа успех, а во 2016 година решија заедно да создадат ново дело наречено ,,Shadows (Сенки)“.

Реакцијата на јавноста за изборот на холивудската ѕвезда беше поделена и многумина напишаа погрдни коментари за нејзината седа коса, а други застанаа во одбрана на жената која на актерот му ја врати вербата во љубовта по тешкиот период што го доживеа по смртта на првото бебе и партнерка. .