Сака да го има најтенкиот струк на светот: Ќе се шокирате кога ќе прочитате што прави оваа девојка за да дојде до посакуваната цел! (ФОТО)

Сара Вет (46) од Портланд, Орегон, вели дека спие во корсет за да има најмал струк на светот.

Таа моментално е широка 39 сантиметри во половината, по девет години тренирање. За да го израмни актуелниот Гинисов рекорд, треба да изгуби уште половина сантиметар.

Сара вели дека нема да биде лесно, а корсетот го носи 20 часа на ден и не сака да прави ништо екстремно.

“Го носам од 16 до 20 часа на ден. Дури и спијам во него. Малиот струк е навистина само естетски избор. Најчесто облекувам корсет за да ја истакнам мојата силуета. Кога одам на вечера со сопругот или на настап со пријателите, се облекувам за да ја истакнам мојата половината. Навистина сите погледи се вперени во мене а добивам и некои прашања“, вели Сара, која верува дека и другите жени треба да носат корсет.

„Добро изработен корсет може да го поддржи доброто држење на телото, да ги ублажи болките во грбот и да ја намали анксиозноста кај некои луѓе кои добро реагираат на чувството на нежен притисок“, тврди Сара.