Овој човек на свои 48 години ожени 13-годишна девојка: Бизарните слики и неговите срамни изјави го шокираа светот

Веќе пишувавме за пакистанката Ситара Јасин која мораше да се омажи на 13 години. Таа го отвори својот канал на YouTube и објасни како изгледа нејзиниот живот во полигамија, а слична приказна го потресе светот пред две години.

Имено, тринаесетгодишна девојка била принудена да се омажи за 48-годишен маж на свадбена церемонија на Филипините.

Свадбата беше во градот Мамасапано. Вознемирувачките фотографии се доказ за ужасната практика која дозволува девојките да бидат принудени на брак. На една од шокантните слики се гледа како маж бакнува дете во образ.

Девојката невеста стана петта сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а венчавката била извршена според исламските обичаи, пишува Мирор во 2021 година.

За срамната венчавка Ампатуан рече: „Среќен сум што ја најдов и деновите ги поминувам со неа грижејќи се и за моите деца“.

Тој планира да има деца со својата петта сопруга кога таа ќе наполни 20 години. Тој додаде дека ќе ја испрати на училиште за да биде подготвена да стане мајка.

Во некои делови на Филипините, особено во регионот Минданао со мнозинско муслиманско население, на малолетните девојчиња им е дозволено да се венчаат веднаш штом ќе добијат менструација.

Лондонската група „Girls Not Young“ објави дека ваквите бракови ги нарушуваат правата на девојчињата на здравје, образование и други животни можности.