Прво огласување на Зорица, мајката на убиената Вања: „Не можам да разберам зошто моето прекрасно девојче е во гроб“ – го спомна и таткото на Вања

,,Не сум во можност да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол”, рекла Зорица, мајката на киднапираната и брутално убиената Вања Ѓорчевска.

– Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве молам да почекаме додека не дознаеме зошто се случи ова. Да не шириме дезинформации.

Зорица сè уште не сака да се изјасни за сопругот за кого и сега, како и кога го пријавила киднапирањето на ќерката, тврди дека биле во добри односи.

– Па јас велам дека ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого беше сето ова време. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, му дозволуваа да ги гледа кога сакаше тој или кога сакаа децата – рече Зорица.

Северна Македонија, Вања Ѓорчевска

Таа понатаму наведува дека не знае дали нејзиниот поранешен маж бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

– Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Се разведовме и ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи и јас си поставувам многу прашања, зошто се случи ова. И чекам да дознаам.

– Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам неа – кажа Зорица и вели дека има најголема можна доверба во полицијата.

Вања Ѓорчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко.

Инаку, ова е прво огласување на мајката на Вања по нејзиното убиство.