Првпат по 30 години хуманитарната мисија на ОН во Нагорно-Карабах

– Обединети нации викендот ќе испратат мисија во Нагорно-Карабах за да ги процени хуманитарните потреби, најави денеска портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.

Тим од околу десет луѓе предводени од претставници на Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања ќе се обидат да ја проценат ситуацијата на терен и да ги идентификуваат хуманитарните потреби, како за оние што остануваат така и за оние што се преселуваат, наведе Дижарик.

Азербејџан неодамна почна воена операција во Нагорно-Карабах, која заврши по 24 часа со договор со Ерменците да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на таа отцепена територија во Азербејџан.

Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.

Нагорно-Карабах, територија населена претежно со Ерменци, се отцепи од Азербејџан во 90-тите години од минатиот век, што доведе до војна во која загинаа 30.000 луѓе.