Случајот не е сомнителен, но ќе треба да се направат сите потребни анализи.
Еден антрополог пребарувајќи низ продавница за половна роба во Норт Форт Мајерс, Флорида, го пронашол она што се верува дека е човечки череп .
Иако до ова откритие дошол во делот посветен на Ноќта на вештерките, не очекувал дека неговата потрага по интересни предмети ќе биде толку застрашувачка.

– Врз основа на проценката на детективите кои биле на местото на настанот, се верува дека черепот е човечки – соопштија од полицијата.
Како што наведоа, случајот не е сомнителен, но ќе треба да се направат сите потребни анализи.
Патем, ова не е првпат черепи да се најдат во продавници за половна роба во САД, а понекогаш поединци ги донираат во добротворни цели.