Предупредување од иранскиот министер за одбрана: Ова доаѓа по сите кои ни се противат

„Доколку има одговор на нашите напади, ќе ја започнеме втората фаза од нашата операција“, рече иранскиот министер за одбрана, пренесуваат медиумите.

– Секоја земја што ќе го отвори својот воздушен простор или територија за Израел за да го нападне Иран, ќе добие силен одговор од нас – предупреди тој.

Иран лансираше десетици беспилотни летала камикази кон Израел. Се проценува дека ќе им требаат неколку часа за да го поминат растојанието и да стигнат до целите.

Ирански напад врз Израел се очекува веќе неколку дена, откако Израелците го погодија иранскиот конзулат во Сирија. Израелските власти претходно изјавија дека се подготвени да се одбранат и дека очекуваат ирански напад. Во таа насока, тие забранија собири низ целата земја.