Пред да потпише за Ал-Хилал, Нејмар им се нудел на пет европски гиганти и сите го одбиле

Бразилецот Нејмар е последното големо фудбалско име кое се согласи да се пресели во Саудиска Арабија, но пред да потпише за Ал-Хилал, им се нудел на европски гиганти и сите го одбиле.

Шпанските медиуми откриваат дека агентите на Нејмар летово тропнале на врата дури на пет европски гиганти, Реал Мадрид, Баерн, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челзи, но ниту еден од нив не бил заинтересиран да потпише со Бразилецот.

На крајот, за Нејмар, кој се најде на трансфер-листата на ПСЖ, единствено решение беше саудиската Про лига и Ал-Хилал, кој ќе му плати 320 милиони евра за две години, а Светците ќе добијат околу 100 милиони евра отштета.

Бразилецот е петтото големо засилување за Ал-Хилал летово, пред него во овој тим пристигнаа Калиду Кулибали, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш и Малколм.