“ПРЕЖИВЕАВ 5 ИЛИ 6 ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ!“ – Володимир Зеленски со шокантни тврдења: “Кремљ планира да ме собори до крајот на годината…“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, тврди дека преживеал најмалку „пет или шест“ обиди за атентат откако Русија ја нападна Украина минатата година и тврди дека Владимир Путин планира промена на власта во Украина.

Претседателот на Украина, исто така, ја обвини Москва дека „запали оган“ низ светот и дека со својата незаконска и варварска војна во Европа, ја доведе планетата на работ на Трета светска војна.

Тој изјави дека Владимир Путин го поддржува нападот на Хамас врз Израел, наведувајќи го очигледното зајакнување на односите на Русија со Иран, земја која го поддржува Хамас и ја снабдува Москва со беспилотни летала за нејзината војна.

Володимир Зеленски тврди дека украинското разузнавање спречило повеќе обиди за атентат врз него, почнувајќи со руската инвазија на 24. февруари 2022 година.

Тој, исто така, тврди дека Кремљ планира да го собори пред крајот на годината во мисијата наречена „Мајдан 3“ .

Изборите во Украина треба да се одржат следната година, но Володимир Зеленски вели дека тие нема да се одржат поради војната и потребата за единство.