Претседателот на Намибија, Хејге Геингоб (82), почина рано утринава во болница во Виндхук, соопшти претседателството, неколку недели откако му беше дијагностициран рак.
Во објавата на платформата на социјалните мрежи Х не беше наведена причината за смртта, но кон крајот на минатиот месец претседателството соопшти дека Геингоб ќе отпатува во САД на лекување откако ќе му бил дијагностициран рак по редовен медицински преглед.
Како премиер во 2014 година, тој и кажа на јавноста дека преживеал рак на простата. Тој стана претседател следната година. На крајот на годината во таа јужноафриканска земја треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.