Претседателот Пендаровски на третиот самит на Меѓународната Кримска платформа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати онлајн на третиот самит на Меѓународната Кримска платформа, којшто годинава поради состојбата во Украина, е од хибриден карактер.

На панелот посветен на хуманитарната состојба и заштитата на човековите права, претседателот Пендаровски истакна дека почитувањето на начелата на правдата не е само од суштинско значење за жртвите и нивните семејства, туку е клучен чекор кон помирувањето, откако ќе се исполнат предусловите за таа фаза.