Бугарија воведува олеснувања за студенти од бугарска националност од седум земји, меѓу нив е и Македонија

Граѓаните од бугарска националност од седум земји ќе можат да аплицираат во бугарските високообразовни институции, без разлика дали се стекнале со бугарско државјанство или имаат дозвола за постојан престој во земјата, соопшти прес-службата на Советот на министри .

Една од главните цели на информативната кампања е да се популаризира бугарското високо образование меѓу странските државјани кои се од бугарска националност и постојано живеат на територијата на друга земја.

Ова го предвидува амандманот усвоен од владата во уредбата 103, со која се регулира процедурата за прием на студенти од бугарската дијаспора од Албанија, Казахстан, Косово, Молдавија, Македонија, Србија и Украина. Овој акт ги регулира образовните активности меѓу Бугарите во странство.

Измената предвидува ослободување од аплицирање и школарина за докторантите прифатени според уредбата од седумте споменати земји.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција за објавување од МИА. Тоа е согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Студентите се примаат преку конкурс за документи или преку еден или повеќе испити во зависност од насоката за која аплицираат. Испитите ги спроведува Министерството за образование и култура.

Распоредот за заинтересираните идни студенти од бугарските заедници во странство беше објавен на 11 април годинава од страна на Министерството за образование и наука (МОН), соопшти прес-центарот на Министерството.

На форумите,кои ќе се одржат онлајн или лично, експерти од Министерството за образование и култура им ги објаснуваат можностите за аплицирање во бугарските високообразовни институции на оние кои живеат во Украина, Молдавија, Албанија и Косово, Србија и Македонија.