Претседател, единствен претседател: Ковчегот со телото на Берлускони пред Миланската катедрала, навивачите пееја стихови за вечност! (видео)

Италија се прости од поранешниот премиер Силвио Берлускони, а илјадници луѓе ( од политичката елита до високи странски функционери ) присуствуваа на државното испраќање.

Меѓу нив имаше и голем број навивачи на Милан кои долго време скандираа за својот омилен претседател за време на носењето на ковчегот со посмртните останки.

Погледнете како тоа изгледаше:

Берлускони почина во понеделникот од леукемија на 86-годишна возраст, а погребната церемонија се одржа во катедралата во Милано.

Берлускони ќе остане запаметен како милијардер склон кон скандали кој доминираше со италијанската политика, бизнис и фудбал најмалку три децении, а освен што четири пати беше премиер, поседуваше и деловна империја, вклучително и медиумите на МFE Group и фудбалските клубови Милан од 1986 до 2017 година и Монца од 2018 година.