Приведено лице од Велешта поради крадење ташни и кршење инвентар во угостителски објекти

Педесет годишен жител на струшкото село Велешта е приведен во полиција поради крадење ташни и кршење инвентар во угостителски објекти во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.К.(50) од селото Велешта вчера околу 19 часот.

– Во наведеното време во угостителски објект на улицата „Владо Малески“ во Струга, тој одзел две женски чанти и оштетил дел од инвентаторот, а бил затекнат од полициски службеници при продолжување на делото во соседен угостителски објект, стои во информацијата.

Лицето, како што енаведено, било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.