Приведено лице поради напад на новинарска екипа во Росоман, следува соодветна пријава

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман, кој на 18.07.2023 на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера.

Од МВР денеска информираа дека лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.